Дома Фудбал Останато Ќе гори Ријад: Роналдо и Ал Наср играат дерби кое не смеат да го загубат!

Ќе гори Ријад: Роналдо и Ал Наср играат дерби кое не смеат да го загубат!

Денес во Саудиска Арабија се игра најголемото дерби во главниот град Ријад, а сега тоа е зачинато и се присуството на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо со својот Ал Наср гостува на Ал Хилал во натпревар кој не смее да го загуби. Ривалството помеѓу овие два клуба започнало во 1958 година кога за првпат се сретнале, а тогаш Ал Наср славеле со 1:0.

Од таа средба до денес двата клуба одиграа 172 официјални натпревар, а посуепешен е Ал Хилал со 69 победи. Ал Хилал ги има и највисоките победи во ова дерби со 5:1 и 4:0.

Натпреварот е исклучитлно важен за Ал Наср кој атакува на титула, но Ал Итихад е лидер со три бода предност, па евентуален пораз во ова дерби и победа на Ал Итихад ќе значи дека тимот на Роналдо ќе заостанува цели шест бода.

Натпреварот се игра од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот останува во Англија – ќе тренира друг тим од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, би можел многу брзо да се врати во Премиер лига…