Дома Трансфер зона Ќе гледаме ли наскоро уште еден Бекам во Премиер лигата?

Ќе гледаме ли наскоро уште еден Бекам во Премиер лигата?

Ромео Бекам oдлучи да тргне по стапките на татко му и да заигра во Премиерлигата, па веќе почнал да тренира со вториот тим на Брентфорд за да се обиде да добие договор во најсилната фудбалска лига.

Младиот син на Бекам во текот на тинејџерските денови играше за Арсенал, по што почна тениска кариера, но не му одеше добро во „белиот спорт“, па се врати на фудбалот и заигра за Интер Мајами.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромео дебитираше за А-тимот на екипата под водство на тренерот Фил Невил, но не се прослави премногу, па сега среќата ќе си ја бара во Брентфорд.

„Тајмс“ објави вест дека Ромео стигнал во Брентфорд, каде што една недела ќе тренира со екипата и ќе се обиде да добие договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…