Ќерката на легендарниот бразилски фудбалер, Пеле демантираше дека нејзиниот татко е префрлен на палијативна нега во болницата во Сао Паоло, пренесува „Ројтерс“.
Пеле од вторникот е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло каде што прима антибиотици поради респираторна инфекција. Минатиот септември на Пеле му беше направена операција на тумур на дебелото црево и од тогаш е на лекување со хемотерапија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Неправедно е луѓето да зборуваат дека Пеле е префрлен на палијативна нега. Тоа е надвор од сите граници. Верувајте ми: Тоа не е точно“, изјави ќерката на Пеле, Флавија за бразилската телевизија „Глбоо“.
Одредени бразилски медиуми пренесуваа дека Пеле е на палијативна нега затоа што неговото тело престанало да реагира на хемотерапијата.