Њукасл се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот веќе потврди дека нема намера да го продолжи договорот, а за неговиот потпис се борат Баерн Минхен и Интер.
Двата европски гиганти сакаат да го донесат напаѓачот како слободен агент, но сега во трката се вклучи и Њукасл.
Премиерлигашот му нуди највисока плата на Турам и е спремен да го доведе уште во јануари.
🚨Newcastle are planning to make a bid to sign French striker Marcus Thuram in the January transfer window. 🇫🇷 ⬛ #NUFC ⬛ #Borussia pic.twitter.com/ZqnDgmD0zu
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 9, 2022