Њукасл Јунајтед наводно конечно е спремен да потроши голема сума за еден трансфер, а како што пишуваат италијанските медиуми, нивна цел во летото следната година е аргентинскиот напаѓач на Интер Лаутаро Мартинез.
Њукасл Јунајтед стана најбогатиот тим на светот откако минатата година беше преземен од конзорциум од Саудиска Арабија, а тимот полека се движи кон врвот на англискиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Страчките“ веќе донесоа неколку познати имиња. Најмногу пари одвоија за шведскиот напаѓач Александар Исак, дури 70 милиони евра, а следниот трансфер може да ги сруши сите рекорди. Италијанските медиуми тврдат дека на мета на англискиот клуб е аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и дека тимот од Ст. Џејмс Парка прави се за да го доведе во своите редови.
Отштета од над 100 милиони евра не е проблем за „Страчките“, а тие се подготвени да му дадат и одлични финаниски услови на напаѓачот. Според информациите Њукасл на Лаутаро му нуди двојно поголема плата од таа што ја има во Интер и би заработувал 14 милиони евра годишно.
Њукасл не е единствениот кој го сака Лаутаро во своите редови. За неговите интерес покажуваа уште Челзи и Тотенхем, но на Аргентинецот засега сака да остане во Интер.
„Овде сум пет години и среќен сум во Интер. Се надевам дека ќе станам легенда на овој клуб. Потпишав нов договор пред една година и фокусиран сум само на Интер“, изјави неодамна Лаутаро на прашањето за интересот од Баерн и ПСЖ, со кои исто така се поврзуваше.