Дома Фудбал Лига на шампиони Љоренте: Вечерва против Ливерпул барам освета

Љоренте: Вечерва против Ливерпул барам освета

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте неодамна потпиша за Наполи, каде пристигна како слободен играч.

Љоренте неколку сезони играше за Тотенхем, но на крајот од претходната го напушти лондонскиот тим откако му истече договорот. Искусниот шпански напаѓач имаше неколку понуди, но на крајот се одлучи за Наполи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот во дресот на новиот клуб вечерва би требало да дебитира во ЛШ и тоа против Ливерпул. Љоренте пред овој натпревар порача дека сака да се освети за поразот во финалето во ЛШ минатата сезона кога Ливерпул беше подобар од Тотенхем.

„Анчелоти го познава нашиот противник и добро ги анализиравме. Мораме да одиграме совршен натпревар и да ги намалиме грешките на минимум ако сакаме да победиме. Ливерпул е силен и квалитетен тим, затоа со причина се европски прваци.“ – изјави Љоренте и додаде:

„Би сакал вечерва да постигнам погодок бидејќи барам освета поради поразот во финалето кога играв за Тотенхем. Навивачите ме пречекаа на неверојатен начин и сакам со голови да им се одолжам за тоа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…