Maурицио Сари го сака фудбалерот на Торино и репрезентативецот на Србија.
Изненадувачки Адем Љајиќ е мета на Наполи за зимскиот преоден рок. По конфликтот кој го имаше Љајиќ со Михајловиќ интерес покажа Милан, но Наполи е посериозен кандидат бидејќи како што се наведува тие сакаат да го доведат на позајмица од шест месеци, а во замена за него во спротивен правец да испратат еден од Емануеле Џакерини и Аркадиуш Милик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи практично цела сезона игра со Инсиње, Каљехон и Мартенс во нападот, а Сари смета дека Љајиќ со своите фудбалски карактеристики би можел да му биде од голема помош.
Српскиот фудбалер игра одлично оваа сезона и во Серија А забележа три гола и пет асистенции, но неодамна влезе во нов конфлик со Михајловиќ поради однесувањето на Лајиќ на тренингот.