Дома Останати Кошарка Јокиќ повторно доминираше, Денвер победи

Јокиќ повторно доминираше, Денвер победи

Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл без игра во четвртата четвртина, а неговиот Денвер Нагетс го совлада Орландо 113:100.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доминантниот српски центар за само 30 одиграни минути оствари учинок од 20 поени, 14 скока и 10 асистенции, а додаде и три блокади и три украдени топки.

За Јокиќ ова беше 18-ти трипл-дабл оваа сезона и 12-ти пред четвртата четвртина од натпреварот. Во кариерата има постигнато 165, што го става на третото место на листата на играчи со најмногу тројно-двоцифрен учинок. Повеќе постигнале само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (202).

Трикратниот МВП на НБА сезонава има просек од 30,1 поен, 13,2 скока и 9,9 асистенции, што се негови најдобри комбинирани бројки во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…