Дома Останати Кошарка НБА Јута продолжува со одличните настапи, убедлива победа против Чикаго

Јута продолжува со одличните настапи, убедлива победа против Чикаго

Кошаркарите на Јута продолжија со одличните игри оваа сезона, а вчера убедливо славеа против Чикаго со 120:95.

Јута без поголеми проблеми стигна до победа со Чикаго кој и оваа сезона не изгледа најдобро. Од почетокот на мечот Јута имаше предност против Булси кои на крајот заслужено славеа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гостинскиот тим до победа ги предводеше одличниот Мичел кој уфрли 30 поени, додаде шест асистенции и запиша исто толку скокови. Одличен беше и Гоберт со 21 поен и 10 скокови. Во екипата на Булси подобар од останатите беше Лавин кој натпреварот го заврши со 27 поени, седум скокови и четири асистенции.

ЛА Клиперси вчера беа подобри од Атланта со 119:110, додека Хјустон го совлада Торонто со 117:99. Исто така одличен дуел одиграа Мемфис и Бостон, а на крајот славеа Гризли со 132:126. Милвоки на свој паркет ја доби убедливо Индијана со 140:113, Шарлот како гостин го совлада Сан Антонио (97:100), Сакраменто забележа гостински триумф против Кливленд (105:119).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Кошаркарите на Далас на тренинг се мотивираа со – хитот на Цеца! 🎥

Далас Маверикс ја подобри формата пред стартот на разигрувањето во НБА лигата каде што ќе …