Дома Фудбал Англија Јунајтед ја почнува операцијата „блиндирање на Марсијал“

Јунајтед ја почнува операцијата „блиндирање на Марсијал“

Манчестер Јунајтед наскоро планира да започне преговори со Антони Марсијал за продолжување на неговиот договор, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Марсијал истекува на крајот на следната сезона, па иако не е стандарден оваа сезона, „црвените ѓаволи“ сакаат да го продожат неговиот договор.

Жозе Мурињо смета дека Французинот ќе има долгорочен придонес во клубот, па поради тоа го советувал раководството што е можно поскоро да му го продолжат договорот.

Марсиал има само 22 години, па допрва се очекува да го достигне својот зенит. Во оваа сезона тој има 11 гола во 38 натпревари и може да игра на неколку позиции во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…