Дома Фудбал Англија Јунајтед спреми нов договор за Бруно Фернандеш

Јунајтед спреми нов договор за Бруно Фернандеш

Mанчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов договор на Бруно Фернандеш. Португалскиот репрезентативец според информациите од Островот би требало да заработува двојно повеќе од сега.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27- годишниот играч за врска би требало да инкасира околу 220.000 евра неделно. Во овој момент неговите примања се 110.000 евра, па е еден од најмалку платините фудбалери на „Олд Трафорд“.

Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари минатата годинава за 55 милиони евра, и се етаблираше во клучен фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Со новиот договор Португалецот ќе се обврзе на верност со Манчестер Јунајтед до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За потписот на Леао во игра се неколку клубови!

Рафаел Леао најверојатно ќе замине од Милан ова лето. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cu…