Дома Трансфер зона Јунајтед спреми „богатство“ за ѕвездата на Фиорентина

Јунајтед спреми „богатство“ за ѕвездата на Фиорентина

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Киеза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми тврдат дека Солскјер сака да го донесе младиот Италијанец на „Олд Трафорд“ и веќе спремил понуда од 70 милиони евра.

„Виолетовите“ минатото лето успеаа да го задржат Киеза, но јасно е дека Италијанецот ова лето ќе сака да направи чекор напред во кареиара и ќе ја промени средината.

На Јунајтед воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Киеза силен интерес покажуваат уште Интер и Јувентус.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ се финансиски најмоќни и се спремни да понудат 70 милиони евра, сума која Фиорентина е спремна да ја прифати.

Притоа, Фиорентина преферира да го продаде Киеза на Островот, а не на директен ривал во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…