Дома Топ вести Јунајтед, Сити и Реал се „тепаат“ за новата шпанска ѕвезда

Јунајтед, Сити и Реал се „тепаат“ за новата шпанска ѕвезда

Двата гиганти од Манчестер се силно заинтересирани за дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 23-годишниот Шпанец. Виљареал пак е спремен да го пушти Пау Торес доколку пристигне добра понуда во зимскиот преоден рок.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и веќе има 7 настапи за шпанската репрезентација.

Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англиските клубови се спремни да ја платат, но треба да ја победат конкуренцијата.

Имено, за Пау Торес силен интерес покажува и Реал Мадрид, кој во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…