Дома Топ вести Јунајтед сака спектакуларна трампа, Роналдо за Погба

Јунајтед сака спектакуларна трампа, Роналдо за Погба

„Црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Пол Погба на крајот на сезона, тврдат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.

После изјавата на менаџерот на Погба, Мино Раиола на „Олд Трафорд“ сметаат дека Французинот нема иднина во клубот и се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Јувентус.

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го донесе Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Според англиските медиуми во Јувентус исто така се заинтересирани за ваква размена бидејќи сакаат да се ослободат од високата плата на Роналдо и сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…