Дома Фудбал Англија Јунајтед навистина прави СЕ – Де Геа го добива она што го бара и станува најплатен голман во историјата!

Јунајтед навистина прави СЕ – Де Геа го добива она што го бара и станува најплатен голман во историјата!

de gea

Шпанецот изгледа од Манчестер Јунајтед ќе го добие она што го бара.

Имено, Жозе Мурињо неодамна изјави дека Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи да изгуби голман како Давид Де Геа и дека неговиот клуб ќе направи се за да го задржи Шпанецот. Новата информација од Англија само ги потврдува овие зборови на менаџерот на „ѓаволите“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Да потсетиме, Манчестер Јунајтед неодамна на Де Геа му понуди нов договор со плата од 220.000 фунти неделно, но одличниот голман не беше задоволен и бараше сума од 350.000 фунти неделно.

Утрово, медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед го прифатил ова барање на еден од своите најдобри поединци во тимот.

Секако, станува збор за сума која ја немал ниту еден голман во историјата. Де Геа би стигнал до заработка од 20 милиони евра по сезона, нешто што е три пати повеќе од заработката на Буфон или Касиљас во времето на нивната најголема слава.

Покрај тоа освен што ќе биде далеку најплатен голман, Де Геа заедно со Алексис Санчез би станал и најплатен играч во Премиер лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…