Раководството на Манчестер Јунајтед постави краен рок до кога Пол Погба мора да донесе конечна одлука за својата иднина, пренесуваат медиумите на Островот.
Имено, „црвените ѓаволи“ му дале рок на Погба до Божиќ да одлучи дали ќе стави потпис на нов договор или ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната, а Јунајтед веќе достави понуда до неговиот агент за нов договор со неделна плата од 400.000 фунти. Доколку прифати, Французинот ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата.
На „Олд Трафорд“ сакаат се да биде јасно до Божиќ за да можат да најдат адекватна замена доколку одлучи да замине.