Дома Фудбал Лига на шампиони „Јунајтед може да ја освои Лига на шампиони“

„Јунајтед може да ја освои Лига на шампиони“

Манчестер Јунајтед може да ја освои Лигата на шампионите. Барем така тврди поранешниот фудбалер на овој тим Денис Ирвин кој е убеден дека Жозе Мурињо е човекот кој може на Олд Трафорд да ја донесе титулата европски првак.

„Пред Јунајтед е низа на важни натпревари. Сити изгледа недостижно на врвот и они веројатно ќе бидат прваци. Ние сме втори, а како што изгледаше претходните години, оваа позиција е одлична.“- истакна Ирвин и додаде:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Лига на шампиони можат да ја освојат барем 10 екипи, а тука е вклучен и Јунајтед. Имаме менаџер кој знае да победува. Тоа го видовме во Лига Европа минатата сезона, а историјата покажува дека Мурињо ја знае работата, посебно во Европа.“

Ирвин за Јунајтед играше од 1990. до 2002. година, настапи на 368 натпревари и освои 20 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…