Дома Фудбал Англија Јунајтед и Њукасл ќе играат финале, а еден играч сигурно добива медал

Јунајтед и Њукасл ќе играат финале, а еден играч сигурно добива медал

На 26-ти февруари во 17:30 часот Манчестер и Њукасл ќе играат за првиот трофеј во англискиот фудбал оваа сезона во финалето од Лига Купот. Но еден играч без разлика кој и да победи ќе биде запишан како победник во ова натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До своето прво финале од 1994 година Њукасл стигна откако со вкупни 3:1 беше подобар од Саутемптон, додека Јунајтед немаше проблеми со Нотингем и ги елиминираше „шумарите“ со убедливи 5:0.

Без разлика кој ќе слави на 26-ти голманот Мартин Дубравка на крајот официјално ќе биде запишан како освојувач.

Во првиот дел од сезоната Дубравка беше позајмен во Јунајтед и одигра два натпревари во Лига Купот (против Астон Вила и Барнли) и без оглед дали Њукасл каде што е сега ќе изгуби или ќе победи тој ќе добие шампионски медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов претседател доби италијанскиот фудбал!

Фудбалската федерација на Италија доби нов претседател. Како ПАМЕТНО да типувате на World …