Раководството на Рома има немара да го откупи договорот на Крис Смолинг, кој игра на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.
Англичанецот пружи неколку добри партии, па раководството на Рома веќе донесе одлука да го откупа неговиот договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека „волчицата“ во наредните денови ќе има состанок со раководството на Манчестер Јунајтед за да ги договорат условите за трансферот.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ не сакаат лесно да се откажат 29-годишниот Англичанец и нивна намера е да го убедат да се врати на „Олд Трафорд“.
Доколку Смолинг сака да остане на „Олимпико“, тогаш Манчестер Јунајтед ја постави цената и за неговиот потпис од Рома бара 20 милиони евра.