Агентите на Маруан Фелаини ќе седнат на маса за нови преговори со Манчестер Јунајтед на крајот на неделата, пренесуваат англиските медиуми.
Белгискиот репрезентативец има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на јуни и можноста да го напушти „Олд Трафорд“ е многу реална.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
30-годишниот Фелаини отворено зборуваше за ситуацијата околу неговиот договор и призна дека Манчестер Јунајтед направил грешка што на време не му понудиле продолжување на соработката.
„Сите во клубот прават се за да останам. Сега сум јас во подобра позиција за преговарање, бидејќи ме игнорираа два пати. Со Мурињо минатата година имав два состаноци, но ништо. Па нема десет пати да го молам, сега кога видоа дека сум важен играч ми нудат нов договор“, изјави Фелаини.
Во понеделникот Мурињо објави дека клубот и агентите на Фелаини имаат практично согласност за нов договор и треба да се договорат уште деталите.