Дербито на Манчестер не ги оправда очекувањата и не само што немаше голови, немаше ни многу возбудувања, па Јунајтед и Сити ги поделија бодовите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двата тима од самиот старт тргнаа претпазливо и само спорадично се закануваа на двете страни.
Најзрелата шанса ја имаа „граѓаните“ на средината на првото полувреме кога Ријад Марез излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да го совлада Де Геа.
Во второто полувреме гледавме израмнета битка, главно на средината од теренот, со неколку спорадични шанси на двете страни.
После ова реми, двата тима останаа на четири, односно пет бода од врвот на табелата.