Дома Трансфер зона Јунајтед и Арсенал во битка за Албанецот од Наполи

Јунајтед и Арсенал во битка за Албанецот од Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Арсенал на лето ќе водат битка за потписот на дефанзивецот на Наполи, Елсеид Хисај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хисај игра фантастична сезона во дресот на Наполи и се промовираше во еден од најдобрите десни бекови во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

„Тутоспорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат насилен интерес за албанскиот репрезентативец, а трансферот би можел да изнесува 50 милиони евра.

Имено, толку изнесува откупната клаузула во неговиот договор, а наводно овие два клуба се спремни да ја активираат.

24-годишниот Хисај пристигна од Емполи заедно со тренерот Сари за 5 милиони евра, па ова сигурно ќе биде одлична зделка за Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…