Дома Фудбал Јунајтед има нов сопственик, купи 25 отсто од Јунајтед за околу 1,25 милијарди фунти

Јунајтед има нов сопственик, купи 25 отсто од Јунајтед за околу 1,25 милијарди фунти

Светските медиуми пренесуваат дека британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф се согласил да купи 25 отсто од акциите на Манчестер Јунајтед во вредност од околу 1,25 милијарди фунти (околу 1,44 милијарди евра)

Како дел од договорот, Групацијата Инеос на Ратклиф ќе ја преземе контролата врз фудбалските операции на клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ретклиф (71) ќе обезбеди и 300 милиони долари (236 милиони фунти) за идна инвестиција на Олд Трафорд, јавува Би-Би-Си.

Објавата доаѓа 13 месеци откако сопствениците на клубот, семејството Глејзер, изјавија дека размислуваат за продажба за да „истражат стратешки алтернативи“. Американското семејство го купи славниот клуб за 790 милиони фунти (1,34 милијарди долари) во 2005 година.

Јунајтед оваа сезона e во очајна форма, веќе претрпе 13 порази (на 26 натпревари) и го забележа најслабиот старт од 1930 година. Исто така, познато е дека тимот од Олд Трафорд ја нема освоено Премиер лигата од 2013 година, односно откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше.

Сето ова е проследено со редовни протести на незадоволните навивачи против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

Ако сега не помогне Џим Ретклиф, нема спас за Јунајтед, сметаат навивачите на овој клуб. Ретклиф е роден во Манчестер и е голем фан на Црвените Ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…