Познато е дека Жозе Мурињо не го сака посебно Лук Шо, а тоа сега го докажа повторно.
Имено, овој фудбалер е спремен да игра, веќе шест недели тренира, но до овој момент настапи само на два натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можеби вчерашниот натпревар против Свонси во рамките од Лига купот беше вистинска, шанса да добие шанса помеѓу стартерите. Влезе во игра дури во 87 минута од натпреварот и тоа како замена за Ентони Марсијал.
За работата да биде полоша, натпреварот вчера го започна младиот 19 годишен фудбалер Аксел Туанзебе кој полека се наметнува кај Мурињо и добива се поголема минутажата. Вчера одигра одлично, Мурињо беше презадоволен и Туанзебе би можел да добие уште повеќе минути во продолжение од сезоната, за разлика од Шо кој никако не успева да се наметне.
Можеби јануари е вистинско време за заминување кога во прашање е 22 годишниот фудбалер кој за 30 милиони фунти пристигна од Манчестер Јунајтед од екипата на Саутемптон.