Дома Топ вести Јунајтед го враќа Санчо во Англија – Сити добива процент!

Јунајтед го враќа Санчо во Англија – Сити добива процент!

Манчестер Јунајтед сака да го врати на Островот големиот англиски талент, Џејдан Санчо и веќе стапил во контакт со Борусија Дортмунд, тврдат англиските медиуми.

Санчо е следен од многу клубови, но за сега најсериозен кандидат за неговото доведување е Манчестер Јунајтед. Дортмунд ги извести сите заинтересирани клубови дека овој играч нема да го продаде за сума под 70 милиони евра, а Јунајтед е подгтовен да понуди токму толку.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Интересно, градскиот ривал на „црвените ѓаволи, Манчестер Сити ќе добие добар дел од оваа сума. Имено, „граѓаните“ имаат договор со Борусија Дортмунд да добијат 15% од следната продажба на играчот.

Потсетуваме, Санчо во 2017 година премина од Манчестер Сити во Борусија Дортмунд за само 8 милиони фунти. Тој е дете на академијата на „граѓаните“ каде не доби шанса во првиот тим бидејќи не можеше да се избори со големата конкуренција.

18-годишниот Санчо оваа сезона блеска во дресот на Борусија Дортмунд, каде на 28 меча постигна 8 гола и запиша 10 асистенции.

Санчо веќе дебитираше и за англиската репрезентација, па јасно е дека станува збор за еден од најголемите англиски таленти. Манчестер Јунајтед сака да ја искористи грешката на своите градски ривали и да го врати „бисерот“ на Островот.

Интерес за младиот Англичанец покажуваат исто така и Тотенхем, Арсенал и Ливерпул, но Манчестер Јунајтед веќе ја започнал операцијата и сака да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…