Дома Фудбал Англија Јунајтед во јануари го праќа Погба на позајмица, но под еден услов

Јунајтед во јануари го праќа Погба на позајмица, но под еден услов

Францускиот фудбалер Пол Погба веќе неколку натпревари Манчестер Јунајтед го следи од клупата за резервни играчи и се почести се шпекулациите дека веќе во јануари ќе го напушти Олд Трафорд.

Не е тајна дека Погба е во лоши односи со Жозе уште од летоска, но остана во клубот бидејќи беше стандарден член на првата постава. Но, во претходните недели тоа се промени откако Моу го пресели на клупата и тензијата меѓу нив двајца е се поголема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долго се зборува за тоа дека Погба во јануари сака да го напушти Јунајтед, но тешко е да се очекува дека Црвените ѓаволи ќе го продадат. Во Јунајтед повеќе размислуваат Погба да иде на позајмица до крајот на сезоната, но на лето да се врати во клубот, откако Мурињо веројатно тогаш ќе го напушти Јунајтед.

Наводно, Погба е блиску наредните шест месеци да го помине во Јувентус, но клубот од Торино сака опција да може да го откупи неговиот договор. Нормално, за Јунајтед тоа е незамисливо, но ќе биде интересно да се види што на крајот ќе одлучат челниците на клубот од Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…