Минатонеделниот натпревар на „Олд Трафорд“ веќе го однесе Манчестер Јунајтед со едната нога во финалето. Сега Манчестер гостува во Рим, но со оваа предност по победата од 6:2, треба да се случи чудо за тимот на Солскер да биде елиминиран.
Манчестер веќе размислува на финалето
По неубедливиот перформанс во првото полувреме минатиот четврток, во вториот дел како на терен да излезе некоја нова екипа. Рома водеше со 1:2, но Бруно Фернандес и Единсон Кавани (сега има 50 гола во европска конкуренција) со својата игра направија неверојатно нешто. Манчестер постигна пет гола во вторите 45 минути за удобна победа, многу поубедлива од сите очекувања. Тешко е да се даде шет гола против било која екипа во Европа, особено ако таа доаѓа од Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако резултатот 6:2 не се изедначи со победата на Јунајтед во Лигата на шампионите со 7:1 против истите противници во 2007 година – меч во кој настапи сегашниот шеф Оле Гунар Солскјаер – маргината на победата беше исто толку импресивна.
Несомнено, „црвените ѓаволи“ сега се силни фаворити за подигнување на нивниот прв трофеј од 2017 година. По контроверзноста што произлезе од обидот да се отцепи од сегашните структури на европскиот фудбал пред дваесетина дена, викендов се случија протести па нивниот мч со Ливерпул беше одложен. Тоа колку и да беше шокантно, може да биде добредојдено пред овој меч бидејќи фудбалерите на Јунајтед сега се свежи и целосно спремни за дуелот во Рим.
Рома сака да ја врати гордоста
Рома речиси и да нема шанси за пласман во финалето. Можеби оној прв меч во Манчестер дојде во најлошо време за нив, во време кога тимот ја има најлошата форма сезонава. Рома има шест меча без победа, на кој прими 16 гола што е навистина еден негативен рекорд за екипа како Рома.
Пред мечот со Јунајтед примија три гола од Каљари, а овој викенд доживеаа пораз од Сампдорија со 2:0. Беа сигурни на местата кои носат излез во Еврпа, но сега се на 7-то место со предност од само два бода во однос на Сасуоло.
За среќа, Рома е сосема различа екипа кога игра на домашен терен оваа сезона. Ако се гледаат само натпреварите на домашен терен, Рома би била на 4-то место и би играла во Лигата на Шампиони следната сезона. Тоа барем им дава некаква надеж дека можат да одиграат добро и да победат против Јунајтед.
Првенствено, нивната цел ќе биде да ја вратат гордоста, откако станаа првата италијанска екипа што примила шест гола во едно континентално полуфинале.
Наш предлог:
Двете екипи да постигнат гол @ 1.47 во 10Bet