Дома Фудбал Италија Јуве не ја заврши целосно работата во Мадрид

Јуве не ја заврши целосно работата во Мадрид

Кристијано Роналдо од вчера е нов играч на торински Јувентус, но Старата дама сега наводно повторно е во Мадрид и се обидува да заврши уште една работа.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Бјанконерите после Роналдо ќе тргнат и по бразилскиот лев бек Марсело, а оваа работа наводно би требало да биде завршена после продажбата на Алекс Сандро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој фудбалер се поврзува со многубројни тимови. Го посакуваат двата тима од Манчестер, Челси, ПСЖ и извесно е дека овој фудбалер за прилично висока сума може да го напушти Торино.

Парите од продажбата на Алекс Сандро Јуве ќе ги вложи во донесување на Марсело. Во ова може да помогне Роналдо кој е во фантастични односи со бразилскиот фудбалер.

Марсело пред 11 години стана член на Реал. Наводно и тој размислува за промена на средината и нови предизвици, а токму Јувентус може да биде новиот предизвик кој го посакува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…