Дома Трансфер зона Јуве го најде „новиот Буфон“ во втората англиска лига!

Јуве го најде „новиот Буфон“ во втората англиска лига!

Буфон иако брани во одлична форма Јувентус е свесен дека Италијанецот нема уште многу години играчка кариера, па почна да бара негова замина.

Договорот на Буфон со Јувентус истекува во 2018 година, па многу веројатно тој ќе се пензионира после Светското првенство во Русија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа „старата дама“ почна да бара негова замена, а медиумите тврдат дека ја пронашле во втората англиска лига.

Имено, станува збор за голманот на Астон Вила и италијански интернационалец Пјерлуиџи Гилини. Ова момче има 21 година и ова лето од Верона се пресели во Бирмингем каде брани одлично.

Оваа сезона има запишано 12 настапи за Астон Вила на кои прими 10 гола, а во четири наврати ја сочува мрежата недопрена.

Скаутите на „старата дама“ редовно ги следат неговите настапи и сакаат да го вратат во Серија А каде после две години би можел да биде наследник на Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…