Дома Трансфер зона Јувентус не го чека само Џеко: Се работи и на враќање на Мората – понудата е испратена!

Јувентус не го чека само Џеко: Се работи и на враќање на Мората – понудата е испратена!

juventus

Јувентус е во потрага по напаѓач и тоа е главна цела на клубот од Торино до крајот на преодниот рок.

„Старата дама“ долго време се поврзуваше со Луис Суарез, но на крајот стана јасно дека Уругваецот не може да се пресели во Торино затоа што процедурата за добивање италијански пасош трае долго, а без италијанскиот пасош тој немаше да биде во можност да игра за Јувентус во Лигата на шампионите (клубот ги има пополнето местата за странци).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следна мета беше Един Џеко и овој трансфер изгледаше како завршена работа, всушност помеѓу Јувентус, Рома и Џеко се е договорено проблем прави трансферот на Аркадиуш Милик кој треба да го наследи боснаскиот напаѓач во Рим. Иако Џеко во саботата не играше за Рома денес се појави во клубот на нормалните обврски, па медиумите претпоставуваат дека се појавил проблем.

Но, Јувентус не го чека само Џеко. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека Јувентус испратил понуда до Атлетико Мадрид за Алаваро Мората. Понудата гласела – 10 милиони евра за позајмица и можност за откуп на крајот од сезоната за 45 милиони евра.

Мората играше во Јувентус и го познава клубот, па би можел да биде добра опција, Пирло го познава. Сега се чека одговорот од Атлетико…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…