Екипата на Јувентус во јануари сака да го подмлади тимот, а на мета има неколку фудбалери за ово јпреоден рок.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, италијанскиот гигант би можел да се засили со еден српски и еден црногорски фудбалер. На мета на Јувентус е Јован Мијатовиќ, 18-годишен фудбалер на Црвена Звезда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скаутите кои го следеле Мијатовиќ испратиле големи пофалви во Торино, а напаѓачот за српскиот тим досега собра 31 настап и постигна шест голови, одигра и 80-тина минути во Лигата на шампионите.
Втора балканска желба на Јувентус бил Василије Аџиќ, 17-годишен фудбалер на Будуќност.
„Го споредуваат со Де Брујн, а Јувентус преку своите скаути го следеше во живо. Во Торино многу се задоволни од тоа што го виделе, меѓутоа конкуренцијата за него е голема“, пишува „Газета“.
Аџиќ за првиот тим на Будуќност иако има само 17 години веќе одигра повеќе од 40 натпревари.