Минатогодишниот трансфер на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан ги изненади апсолутно сите љубители на фудбалот.
Никој не очекуваше дека еден од најдобрите дефанзивци на Европа ќе го напушти Јувентус и ќе потпише за големиот ривал, но тоа на крајот се случи. Меѓутоа, Јувентус има план да се одмазди и да им го врати ударот на „Росонерите“ и тоа уште ова лето. „Старата дама“ фрли око на играчот за врска на Милан, Џакомо Бонавентура и ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за играч кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Тренерот на Јувентус, Макс Алегри би сакал да го види во своите редови и им наредил на управата на клубот да го доведе во летниот трансфер период. Така, тимот од Торино би им се осветил на Милан за Леонардо Бонучи. Бонавентура е важен дел на екипата од „Сан Сиро“ и неговото заминување секако би се почуствувало во екипата на Милан.
Бонавентура е член на Милан од 2014. година. Пристигна од Аталанта за седум милиони евра, а оваа сезона во 30 настапи постигна шест гола. Милан за неговите услуги би можел да заработи 30 милиони евра.