Дома Трансфер зона „Јувентус ја призна грешката со Алегри, со Пјаниќ и Локатели мораат до Скудетото“

„Јувентус ја призна грешката со Алегри, со Пјаниќ и Локатели мораат до Скудетото“

Интер минатата сезона ја прекина доминацијата на Јувентус во италијанската Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ одиграа одлична сезона и успеаа да дојдат до Скудетото, Јувентус едвај успеа да се пласира и во Лигата на шампионите.

Веднаш по таквата сезона во Торино следуваа промени. Андреа Пирло си замина од клупата, а се врати Масимилијано Алегри. Сега се најавуваат промени во средниот ред. На големо веќе се најавува дека Миралем Пјаниќ ќе биде вратен, а нов играч на „старата дама“ би требало да стане и Локатели.

„Јувентус ја призна грешката со Алегри што го отпушти пред две години. Алегри сега се врати под свои услови. Со Пјаниќ и Локатели тие едноставно би морале да ја освојат титулата“, изјави поранешниот судија Џанлука Папареста.

Исто мислење има и поранешниот менаџер на Парма, Антонело Приети.

„Алегри добро го познава Пјаниќ, работеше со него пред две сезони. Со Пјаниќ и Локатели сигурно ќе бидат главни кандидати за титулата“, истакна Приети.

Според најавите со Пјаниќ и Локатели се би требало да се реши во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…