Дома Трансфер зона Јувентус ја одреди цената за Миралем Пјаниќ?

Јувентус ја одреди цената за Миралем Пјаниќ?

Играчот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ веќе некое време е цел на шпекулациите дека на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус.

Пјаниќ со „Старата дама“ и оваа сезона успеа да ја освои тутлата шампион на Италија, но Лигата на Шампионите се уште остана главна цел. Пјаниќ од доаѓањето од Рома веднаш го доби своето место во првиот тим и е еден од најважните играчи во екипата на Алегри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, традиционално Пјаниќ секој трансфер период е цел на различни шпекулации, а така е и сега кога се ближи летниот трансфер период. Италијанските медиуми објавија дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус и наводно е најблиску до трансфер во ПСЖ. Пјаниќ изјави дека има желба да остане во Јувентус, но с жепак во изјава за „Canal+“ изјави дека во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи. Сепак, единствена цел сега му е годишен одмор и добро да се одмори.

Оваа изјава медиумите во Италија ја протолкуваа како сигурен доказ дека Пјаниќ ќе си замине и дека Јуве има во план да го продаде. „Tuttosport“ денеска објави дека Јувентус ја одреди цената за играчот и дека доколку пристигне понуда од 80 милиони евра тој може да си оди.

Пјаниќ во Јувентус пристигна летото 2016. година од Рома, кога шампионот на Италија ја активираше откупната клаузула и го доведе за 32 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Барселона? Се враќа играчот кој скоро и да го заборавија

Сержињо Дест оваа оваа сезона играше како позајмен во ПСВ Ајндховен со кој ја освои холанд…