Масимилијано Алегри нема сигурна работа во Јувентус и следната сезона.
Италијанските медиуми денеска повторно пишуваат за кризата во Јувентус, по четири натпревари без победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус последен пат славеше на 25 февруари против Фросиноне, оттогаш освои само два бода во ремито со Аталанта и Џенова, а Алегри сега повторно e мета на критики.
Во Јувентус се убедени дека Тијаго Мота е идеална замена доколку Алегри, негова смена посакуваат и најголем дел од навивачите. На табелата Јувентус е трет со два бода повеќе токму од Болоња на Тијаго Мота, Рома е петта со седум бода заостанување зад „старата дама“.
Мота сезонава покажа дека е подготвен за големи работи, но ако Болоња обезбеди пласман во Лигата на шампионите, прашање е дали ќе сака да го напушти клубот.
Медиумите од Италија тврдат дека доколку Рома го стигне Јувентус, Алегри нема да остане на клупата, но не е исклучена можноста и со пласман во Лигата на шампионите Алегри да добие отказ бидејќи очекувањата од оваа сезона беа поголеми.