Дома Топ вести Јувентус ја започна „операцијата СМС“

Јувентус ја започна „операцијата СМС“

Јувентус сигурно останува без Пауло Дибала на крајот на сезоната, па „бјнконерите“  сакаат да донесат најмалку една голема ѕвезда во летниот преоден рок.

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на „старата дама“ ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Алегри го посочил Србинот како најголема желба, а раководството веќе почнало преговори со неговиот агент Матија Кежман.

Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб.

Лацио сигурно нема лесно да се откаже од Србинот и за неговата слобода бара 70 милиони евра, но Јувентус ќе мора да ја победи и конкуренцијата.

За Милинковиќ-Савиќ интерес покажуваат уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…