Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе ја започнал операцијата за доведување на младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс.
За реализација на овој трансфер многу би можел да помогне Кристиано Роналдо кој веројатно може да го убеди младиот фудбалер да се пресели во Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека се работи за голем потенцијал покажува и фактот што младиот фудбалер постигна 15 голови на 36 натпревари за Бенфика во досегашниот дел од сезоната, а има само 19 години.
Жоао Феликс е вистинска сензација оваа сезона во фудбалска Европа, а наводно Јувентус веќе стапил во контакт со Бефика и ги започнал преговорите. Негов агент е Жорге Мендеш со кого „старата дама“ има одлични односи, па се верува дека тоа ќе биде предност за Јувентус.
Португалскиот клуб за слободата на својот „бисер“ бара 100 милиони евра, сума која Јувентус е спремен да ја плати и за таа цел е спремен да го продаде Пауло Дибала.
Според последните информации Аргентинецот покажал незадоволство што не игра оваа сезона често како што очекуваше и наводно е спремен да замине во клуб кој ќе му ја понуди минутажата која ја посакува.
Иако од Јувентус во изминатите месеци истакнуваа дека Дибала не е на продажба изгледа дека во таборот на „старата дама“ го промениле мислењето, па се спремни да го пуштат за понуда од 100 милиони евра.
Juventus will sell Argentine forward Paulo Dybala to help fund a £86.4m move for Benfica's Portuguese forward João Félix. (Source: Tuttosport) pic.twitter.com/nMUDggXSX1
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 14, 2019