Дома Топ вести Јувентус тргнува по ѕвездата на Сити

Јувентус тргнува по ѕвездата на Сити

Јувентус во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, кој ќе биде замена за суспендираниот Пол Погба.

Прва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс и „бјанконерите“ веќе работат на трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а интерес за него покажуваат многу европски клубови.

Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата, бидејќи Алегри смета дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Филипс исто така е отворен за преселба во Серија А бидејќи верува дека во Јувентус ќе биде стартер и ќе има голема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…