Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.

21-годишниот Ндомбеле веќе го доби епитетот на „новиот Канте“, а скаутите на Јувентус подолго време ги следат неговите настапи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ндомбеле оваа сезона игра фантастично во дресот на Лион, веќе запиша 4 настапи за француската репрезентација и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Поради тоа Јувентус ќе треба да се избори со жестоката конкуренција, бидејќи за потписот на играчотс силен интерес покажуваат уште Барселона, Тотенхем и Манчестер Сити.

Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која сите споменати клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал ја сака младата ѕвезда на Баерн Минхен

Реал Мадрид е блиску до комплетирање на трасферите на Килијан Мбапе, а сега Флорентино Пер…