Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо, пренесува „Газета дело Спорт“.
Италијанецот има договор со „сините“ до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а сега сака да се врати во Италија.
Јувентус веќе подолго време е во контакт со неговиот агент и работи на неговиот трансфер.
Жоржињо веќе го известил Челзи дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, па наскоро ќе очекува двата клуба да започнат преговори.