Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најсилен интерес за Ди Марија покажува Јувентус, кој во него гледа идеална замена за Пауло Дибала.
Алегри следната сезона сака да игра со формација 4-3-3 и верува дека Ди Марија идеално би се вклопил заедно со Киеза и Влаховиќ.
„Бјанконерите“ веќе почнале преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и се на добар пат да ги договорат сите детали.