Дома Топ вести Јувентус спреми 80 милиони за Донарума!

Јувентус спреми 80 милиони за Донарума!

Италијанските медиуми пренесуваат дека најголема трансфер желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Јувентус го сака Донарума како наследник на Буфон и веќе спремиле 80 милиони евра за да ја остварат таа цел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, „бјанконерите“ се спремни да му дадат на Донарума четиригодишен договор и 5 милиони евра по сезона колку што бара неговиот агент Мино Раиола. Со платени даноци таа сума изнесува 40 милиони евра за четири години.

Притоа Јувентус планира да му плати на Милан 40 милиони евра како обештетување за потписот на младиот голман, па целата операција ќе ги чини „бјанконерите“ 80 милиони евра.

Сепак, главниот збор ќе го имаат „росонерите“ кои не сакаат да слушнат за продажба на својот бисер и се спремни да му понудат договор од 5,5 милиони евра по сезона веднаш кога Донарума ќе стане полнолетен.

Притиа и самиот Џиџио истакна дека сака уште долго да остане на „Сан Сиро“ и дека сонува еден ден да биде капитен на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…