Дома Топ вести Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Приоритет на Јувентус ќе биде засилување на средниот ред, а Копмајнерс е на врвот на листата желби.

Агентот на Копмајнерс го потврди интересот на Јувентус, а „бјанконерите“ веќе работат на трансферот за да ја победат големата конкуренција.

Интерес за Холанѓанецот покажуваат и клубови од Премиер лигата, а Аталанта за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…