Јувентус не ја започна најдобро сезоната во Серија А и после седум кола има дури четири ремија.
Тренерот Андреа Пирло веќе се наоѓа под притисок, па побарал од раководството да биде засилен тимот во зимскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва мета на „бјанконерите“ е Родриго де Паул од Удинезе.
Аргентинецот сака да ја промени средината, па двата клуба веќе стапиле во контакт бидејќи имаат одлични односи.
Цената на трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра, а клубовите преговараат колкав дел од сумата да биде платен преку бонуси.