После елиминацијата во Лига на шампиони, раководството на Јувентус веќе прави планови за следната сезона и почна да работи на летните засилувања.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека приоритет на „старата дама“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен играч за врска и дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва и најголема желба за засилување на одбраната е ѕвездата на ПСЖ, Маркињос, кој веќе има искуство во Серија А. „Бјанконерите“ веќе спремиле понуда од 45 милиони евра за неговиот потпис, но тешко дека со таа сума ќе успеат да ги убедат „светците“.
Како алтернатива на Маркињос се споменува Хозе Марија Гименез, кој веќе подолго време е на радарот на Јувентус.
Што се однесува до засилување во средниот ред, италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Емре Чан од Ливерпул е веќе договорен (ОВДЕ).