Италијанскиот шампион Јувентус е спремен во своите редови да доведе нов Хрват.
Матео Ковачиќ ниту оваа сезона не е стандарден во мадритски Реал и станува јасно дека наскоро ќе го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според пишувањето на реномираната „Марка“ нова дестинација за хрватскиот фудбалер би можела да биде Италија и актуелниот шампион Јувентус.
Ковачиќ веќе настапуваше во Серија А каде што од 2013 година до 2015 го носеше дресот на Интер, а интересот на Јувентус за неговите услуги не е некоја новост, „бјанконерите“ се обидуваа да го доведат и претходните два преодни рока.
Масимилијано Алегри во Јувентус сигурно би можел да му вети поголема минутажа отколку Зидан во Реал. Вредноста на Ковачиќ во овој момент се проценува на околу 25 милиони евра, но се верува дека потенцијалниот купувач за услугите на Ковачиќ ќе мора да издвои најмалку 40 милиони евра.