Дома Трансфер зона Јувентус се засилува од Атлетико Мадрид

Јувентус се засилува од Атлетико Мадрид

Како што стојат работите, Диего Симеоне на лето ќе мора да прави целосна реконструкција на одбраната.

Годин заминува како слободен агент и веќе потпиша за Интер, Лукас Ернандез беше продаден во Баерн Минхен, а се поизвесно е заминувањето и на Филипе Луиз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот Бразилец има договор со клубот до крајот на сезоната и не сака да парафира нова соработка бидејќи чека на понудата од Барселона.

Каталонците бараат лев бек кој ќе биде алтернатива за Жорди Алба и веќе започнаа преговори со Филипе Луиз кого можат да го донесат без обештетување.

Меѓутоа, голема е веројатноста ова лето „Ванда Метрополитано“ да ја напушти и Стефан Савиќ.

Како што пренесуваат шпанските медиуми црногорскиот дефанзивец ова лето готово сигурно ќе се врати во Серија А, каде голем интерес за него покажува Јувентус.

Актуелниот шампион ќе прави реконструкција на одбраната, Барзаљи заминува во пензија, Киелини е во поодминати година, па токму во Савиќ гледаат идеален партнер за Бонучи.

28-годишниот Савиќ има договор со Атлетико до 2020 година, па ова лето ќе бида последна шанса за „јорганџиите“ да заработат на неговиот трансфер.

Савиќ од 2012 до 2015 го носеше дресот на Фиорентина и одлично ја познава Серија А, а Јувентус за неговиот потпис е спремен да плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …