Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се вклучил во трката за потписот на Франк Кеси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кеси минатото лето го напушти Милан како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус.
„Старата дама“ на лето ќе прави реконструкција на средниот ред, заминуваат Рабио и Паредес, па Алегри смета дека Кеси идеално ќе се вклопи во неговиот тим.
„Бјанконерите“ се спремни да понудат 20 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на Барселона.