Хрватскиот репрезентатувец Милан Бадељ официјално потврди дека нема да го продолжи договорот со Фиорентина и од следниот месец ќе биде слободен агент.
Неколку клубови покажуваат сериозен интерес за Хрватот, пред се Милан и Лацио, но последните информации од Апенините говорат дека и Јувентус се вклучил во траката за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, „бјанконерите“ ова лето ќе прават промени во средниот ред, па покрај Емре Чан сакаат уште еден играч за врска, со оглед на фактот што најверојатно ќе заминат Стураро и Маркизио.
Тренерот Алегри смета дека Бадељ ќе биде идеална замена за споменатите двајца, бидејќи има искуство во Серија А.
„Калчомеркато“ тврди дека во моментов Милан и Јувентус се најблиску до неговиот потпис, па се чека одлуката на фудбалерот.