Дома Топ вести Јувентус сака три ѕвезди од Челзи

Јувентус сака три ѕвезди од Челзи

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е заинтересиран за тројца фудбалери на Челзи, а станува збор за Кристиан Пулишиќ, Хаким Зијех и Антонио Рудигер.

Вчера медиумите пренесоа дека „старата дама“ е во напредни преговори со Рудигер и дека двете страни се блиску до договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, Јувентус е заинтересиран за уште две ѕвезди на Челзи, Пулишиќ и Зијех, кои се спремни да ја променат средината на лето.

23-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во тимот. Тренерот Тухел не смета сериозно на него, но и повредите му попречија да има поголема минутажа.

Слична е ситуацијата со Хаким Зијех. Мароканецот оваа сезона главно е на клупата за резерви и сакаше да си замине уште во јануари.

Јувентус ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да ги донесе во Торино на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…